Top Sport

Англичаните го селат Покетино во Мадрид

Реал Мадрид го обновиле интересот за тренерот на Тотенхем Маурицио Покетино. Претседателот на Реал, Флорентино Перез, имал голема почит за она што го направи Аргентинецот со екипата од Лондон, поради што имал намера да го донесе во Мадрид.

Маурицио Покетино минатата сезона со Тотенхем играше во финалето во Лигата на шампионите. Тој беше номиниран и за тренер на годината, но наградата на ФИФА ја освои Јирген Клоп чии Ливерпул го победи Тотенхем на Покетино во финалето.

Новинарите во Милано пред почетокот на гала вечерта на ФИФА го прашале Покетино дали ќе го тренира Реал.

„Тренер на Реал Мадрид? Можеби за некоја година“, им одговорил Аргентинецот.

Покетино и минатата сезона се поврзуваше со Реал, но тогаш тој одби среде сезоната да го напушти Лондон.

Scroll to Top