Top Sport

Англичаните имаат нов омилен белоруски клуб – ФК Слутск!

Малиот белоруски клуб ФК Слутск доби неверојатно внимание на фудбалските фанови на Интернет од англиското говорно подрачје, и тоа не поради некои фудбалски квалитети, туку само поради името. За појаснување – Slut на англиски значи курва!

Откако КОВИД-19 го збриша европскиот фудбал, очајните љубители на најважната споредна работа на спортот се свртеа кон Белорусија и кон нивната лига, која по „указ“ на претседателот Александер Лукашенко (кој кратко изјави: „Нема вируси во нашата земја“) продолжува како ништо да не се случува.

„Подобро е да умреш на нозе, отколку на колена“, изјави неодамна Лукашенко, велејќи дека хокејот на мраз е најдобар начин за борба против корона вирусот.

Интересот за ФК Слутск, клуб со скромна историја од само 22 години кој доаѓа од град со само 61.000 жители на 100 километри од Минск, доби на интензитет минатиот викенд поради колото во Премиер лигата на Белорусија, и англиските фанови веќе им дадоа прекар „The Sluts“.

Клубот го искористи интересот и креираше официјален Твитер профил на англиски јазик, а дел од навивачите веќе смислија и песна за клубот.

Scroll to Top