Top Sport

Станковиќ: Мојата донација е реклама? Нека си мислат така, но нека донираат

Тренерот на Црвена звезда и легенда на српскиот фудбал, Дејан Станковиќ признава дека го болат негативните коментари на социјалните мрежи околу неговата донација на респиратори и медицинска опрема за време на корона вирусот.

„Мојата сопруга Ана е во Милано со синот Филип, а јас сум во Белград со Александар и Стефан, најмладиот и најстариот син. Сите сме во ред, но секако дека сум загрижен поради работите кои се слуќуваат во Ломбардија. Мора да постои иницијатива. Некои мислат дека се работи за реклама, но не ми е грижа. Знам што направив јас и моето семејство за мојата земја. Треба да помогне кој може, да спаси животи. Донирав респиратори, а тие кои зборуваат треба да помогнат на свој начин“, вели Станковиќ во интервју за италијанскиот весник „Ла република“.

Тој вели дека не може да размислува за фудбалот во текот на овие денови.

„Јас сум реален човек и сега не сакам да зборувам за фудбал. Не сакам мојот тим да тренира и дури да има таква наредба, ќе им кажам на фудбалерите да седат дома. Мора да се сфати озбилно ситуацијата, а гледам дека многумина не прават така. Италија е мој втор дом, ја чувствувам како дел од мене и ја гледам болката која ја има таму“, додава Станковиќ.

Scroll to Top