Top Sport

Англичаните испишаа историја

Прв пат во историјата на Лигата на шампионите и Куп на УЕФА/Лига Европа во финалните мечеви ќе играат четири екипи од иста земја. За трофејот во Лига Европа, на 29 мај во Баку, ќе се борат Челси и Арснеал, а на 1 јуни во Мадрид, Ливерпул и Тотенхем ќе играат во финалето во Лигата на шампионите. Интересно е што три од четирите клуба се од Лондон.

Низ историјата, четири клуба од иста земја во финалните мечеви, во европските купови, играче во 1990 година, но тогаш под капата на УЕФА се играа три натпреварувања (Купот на шампионите, Купот на куповите и Купот на УЕФА). Интересно, трите трофеи им припаднале на италијански клубови.

За титулата во Купот на шампионите играа Милан и Бенфика, во Купот на УЕФА ривали биле Јувентус и Фиорентина, а во Купот на куповите се сретнаа Сампдорија и Андерлехт. Ова е единствената година коа сите трофеи завршиле во една држава.

Откако во 1993 година стартуваше Лигата на шампиони, четири пати се случило во финалните мечеви во елитното натпреварување и во Купто на УЕФА/Лига Европа да играат три тима од иста држава. Два пати тоа им успеало на италијанските и шпанските клубови.

Во 1995 година во финалето во ЛШ играа Ајакс и Милан, а во финалето на Купот на УЕФА Парма и Јувентус, титулите ги освоја Ајакс и Парма.

Три години подоцна Реал ја освои Лигата на шампионите со победата над Јувентус, а Купот на УЕФА им припадна на фудбалерите на Интер. Тие во финалето славеа над Лацио 3:0.

Шпанците во 2014 година имаа три тима во завршницата. Реал и Атлетико играа во финалето во ЛШ, а Севилја ја победи Бенфика во завршниот меч во Лига Европа.

Во 2017 година истите овие тимови од Шпанија стигнаа до финалните мечеви и повторно трофеите ги освоија Реал и Севилја.

Scroll to Top