Top Sport

Ребиќ славеше и пред шутот на Јовиќ (Видео)

Реакцијата на фудбалерот на Ајнтрахт, Анте Ребиќ, на мечот со Челси е нешто што светските медиуми најчесто го споменуваат во извештаите од овој натпревар, кој по 120 минути игра заврши 1:1, а по изведувањето на пенали Челси изборија пласман во финалето во Лига Европа.

На почетокот на второто полувреме, во 49 минута, Србите Лука Јовиќ и Мијат Гачиновиќ одиграа „дупли пас“, отворањето на Јовиќ беше совршено, а само што топката дојде до него Ребиќ ги крена рацете за да го прослави голот.

Најдобриот стрелец на Ајнтрахт не згреши, откако ја прими топката го совлада кепа Арисабалага, но Ребиќ веќе го знаеше тоа.

Scroll to Top