Top Sport

Англичаните ја нападнаа УЕФА поради спонзорот на Црвена звезда

Манчестер сити, во вторникот ја победи Црвена звезда со 3:1 во првото коло од Лигата на шампионите. Во 45. минута српскиот шампион поведе со голот на Букари, а потоа во вториот дел следуваше пресврт. Алварез во 47. и 60. погоди за 2:1, а Родри во 73. ги постави конечните 3:1.

Англиските медиуми по натпреварот го критикуваа српскиот шампион поради „Гаспром“, главниот спонзор на дресот.

Руската нафтена компанија го спонзорира српскиот шампион повеќе од десет години, а Англичаните пишуваат дека проблемот е што „Гаспром“, доаѓа од Русија која година и пол ја напаѓа Украина.

Англичаните тврдат дека „Гаспром“ ја уништува животната средина.

„Со тоа што продолжува да промовира компании кои ја загадуваат животната средина, УЕФА и помага на климатската криза.

Од нафтени и гасни компании, до авиокомпании и линии за крстарење, „Гаспром“ е најлошиот пример за ова. Не само што е мултинационална компанија која е еден од најголемите загадувачи во светот, туку и нејзиниот профит се влева во воената машина на Путин.

Рекламирањето функционира преку она што психолозите го нарекуваат „ефект на ореол“, каде што гледачите несвесно развиваат позитивни чувства за компанијата поради она со што е поврзана. Од една страна, „Гаспром“ е голем загадувач кој е поврзан со режим кој води нелегална војна, а од друга страна компанија која е поврзана и со врвниот фудбал“.

Scroll to Top