Top Sport

Англичаните се чудат: За Мегваер има место во репрезентацијaта, за Рашфорд и Санчо не!

Ѕвездите на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо се наоѓаат пред опасност да го пропуштат Светското првенство во Катар, откако англискиот селектор Герет Саутгејт реши да не ги повика за мечевите од Лигата на нации, додека во исто време зачудувачки го повика капитенот на „ѓаволите“ Хери Мегваер, кој поголем дел од сезоната помина на клупата.

Саутгејт го објави составот од 28 фудбалери за мечевите од Лигата на нации против Италија и Германија, список во кој за првпат е напаѓачот на Брентфорд, Ајван Тоуни, додека во тимот се враќаат дефанзивецот на Челси, Бен Чилвел и Ерик Даер од Тотенхем. Покрај Мегваер, и Лук Шо е повикан во тимот, иако и тој е маргинализиран во новиот состав на Ерик Тен Хаг.

Рашфорд веќе беше проблематичен поради повреда на бутниот мускул, но Санчо беше достапен и очекуваше повик по подобрувањето на формата со головите против Ливерпул и Лестер.

„Имаше одредени фудбалери кои сакавме да ги заддржиме во ово повик, но тоа не значи дека ова е крај за тие кои не се повикани. Маркус Рашфорд, на пример, е во охрабрувачка форма. Тој е фудбалер кој добро го познаваме и секако ќе биде во потесниот избор. Имаме и фудбалери како Бен Чилвел, Хери Мегваер, Лук Шо и Калвин Филипс, кои немаат многу минути, што не е идеално, но можат да бидат важни фудбалери за нас. Има уште многу фудбал пред Катар“, вели Саутгејт.

Scroll to Top