Ѕвездата на Манчестер сити, Фил Фоден признава дека би сакал да внесе малку „Газа на теренот“, откако пред ЕУРО 2020 се реши на нова фризура во стилот на Пол Гаскоњ.
Белата коса на Фоден ги потсети сите англиски фанови на фризурата на Пол Гаскоњ на ЕУРО 96, кога ги предводеше „трите лава“ до полуфиналето. Фоден, кој е роден четири години по таа 1996 година, постојано го намалуваше значењето на споредбите со Гаскоњ, но сега вели дека фризурата може да донесе среќа.
„Прво, долго време ја имав истата фризура и мислам дека беше време да пробам нешто ново. Кога се разбудив утрото, имаше многу споредби со Газа и со Еминем, иако сакав да е нешто мое. Но, бидејќи им се допаѓа, тоа е во ред. Се сеќавам дека ги гледав снимките на Газа, тој беше неверојатен фудбалер и не би било лошо да донесам малку од неговото на теренот“, вели 21-годишниот Фоден.
Phil Foden brought me here…
(Also really appreciate that UEFA gave this the pounding Euro dance a ‘Gazza goals, skills, assists 96’ vid deserves.) pic.twitter.com/Y011S9v4Vp
— Ben Haines (@benhainess) June 8, 2021
Phil Foden has got himself a new haircut for #EURO2020 ?
? Instagram: philfoden pic.twitter.com/lgt9raoct5
— Goal (@goal) June 8, 2021