Top Sport

Англичаните се загрижени од неуспесите на Њукасл и Манчестер јунајтед

Лигата на шампионите, од наредната сезона ќе има нов формат и тоа во моментов ги загрижува клубовите од Премиер лигата.

Во сезоната 2024/25 ќе имаме четири нови екипи во групната фаза, а две места ќе добијат клубовите од двете најдобри лиги сезонава во елитното натпреварување според коефициентот на клубовите.

Тој коефициент се пресметува врз основа на учинокот на сите клубови кои се натпреваруваат во европските купиви (Лигата на шампиони, Лига Европа и Конференциска лига).

Многумина очекуваат Премиер лигата да има едно од тие две дополнителни места, бидејќи седум пати во последните седум години била меѓу првите две по учинок.

Сепак, сезонава тоа не е така поради лошите резултати на Њукасл и Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите.

Според тој коефициент, Англичаните моментално се зад Германија, Италија и Шпанија во трката за дополнителни две позиции.

Секако, трката не е завршена, но доколку англиските клубови продолжат со лоши резултати лесно можат да останат без планираното дополнително место.

За да остане Премиер лигата во оваа трка, неопходно е Њукасл и Манчестер јунајтед да ги подобрат резултатите, односно ќе треба да се пласираат во нокаут-фазата, или пак доколку продолжат во Лига Европа, ќе треба да дојдат барем до полуфиналето.

Во случај на неуспех, Англичаните и следната година ќе останат со четири претставници.

Scroll to Top