Челнците на Манчестер Јунајтед обавиле разговори со кандидатите за нов тренер на првиот тим. Медиумите во Англија се сигурни дека Оле Гунар Солксјер за две недели ќе добие отказ. Манчестер Јунајтед од почeтокот на сезоната веќе имаат два порази и двата на домашен терен.
Според медиумите прв кандидат за нов тренер е Маурисио Покетино. Аргентинецот една година не работи ништо откако се раздели со Тотенхем.
Овие извори не ги откриваат имињата на другите кандидати од проста причина што се убедени дека Покетино ќе го наследи Солскјер.
Наводно постои договор Солскјер да остане до крајот на овој месец, а потоа на „Олд Трафорд“ ќе дојде Покетино. Промоцијата на новиот тренер е одложена бидејќи Аргнетинецот по доаѓањето во Англиа ќе мора две недели да биде во задолжителен карантин.