Top Sport

Англичанките лесно со Норвешка за полуфинале на СП (видео)

Англија е првиот полуфиналист на Светското првенство во фудбал за жени во Франција, откако неочекувано лесно тимот на селекторот Фил Невил со 3:0 ја совлада Норвешка обезбедувајќи супер-дуел со домаќинот Франција или со светскиот шампион САД.

Џил Скот од Манчестер сити им донесе старт од соништата на „лавиците“, кога постигна гол во третата минута, пред Елен Вајт во 40-тата минута да зголеми на 0:2. Луша Бронз постигна прекрасен гол за 3:0, пред Англичанките на утнат пенал по вторпат на Светското првенство.

Во другите четврт-финални дуели на СП во Франција играат и Франција-САД, Италија-Холандија и Шведска-Германија.

Scroll to Top