Top Sport

Англија фаворит, Словачка аутсајдер?

Вицешампионот од Европското првенство пред три години пред почетокот на шампионатот во Германија се сметаше за можеби најголемиот фаворит за конечно освојување на титулата најдобар на стариот континент.

Англичаните целосно разочараа со неубедливиот и поразително неефикасен настап во групната фаза.

Тие постигнаа само два гола и беа соучесници во неславниот рекорд – само седум гола беа забележани на шест натпревари во групата Ц.

Ако се занемари впечатокот и статистиката, факт е дека фудбалерите кои ги одбра контроверзниот и секогаш предизвикуван Герет Саутгејт си ја завршија работата.

Со четири бода го освоија првото место во групата Ц и беа наградени (барем на хартија) со полесен противник во осминафиналето.

Денеска се големи фаворити во Гелзенкирхен, но Словаците веќе покажаа и докажаа кои се.

Англичаните ќе мора да бидат многу поконкретни, понапнати и похрабри.

Словаците преку изедначената и чудна група Е во која сите четири репрезентации освоија по четири бода стигнаа до осминафиналето на ЕП и средбата со Англичаните во Гелзенкирхен.

Три постигнати гола и исто толку примени за неутрална гол-разлика (0) беа доволни за избраниците на Франческо Калзона да ја остават Украина зад себе и да влезат во нокаут фазата на натпреварувањето како една од четирите најдобри третопласирани репрезентации.

Словачките фудбалери на тој начин го повторија најголемиот успех постигнат досега, во Франција во 2016 година.

Кога на дебитантското учество на завршниот турнир на Европското првенство ја завршија и групната фаза како една од најдобрите третопласирани селекции.

 

 

 

 

Scroll to Top