Top Sport

Англија и Франција најмногу вредат, Македонија на претпоследното место

Фудбалската репрезентација на Македонија наредното лето прв пат во својата историја ќе учествува на едно Европско првенство. Во Ц-групата, противници на Македонија ќе бидат Украина, Австрија и Холандија.

Специјализираниот портал „Трансфермаркт“ ги вредностите на националните тимови кој ќе учествуваат на ЕУРО 2021. Според овој извор македонската репрезентација има вредност од 63.200.000 евра.

Од 24 репрезентации кои ќе играат на континенталниот шампионат помала вредност има само Финска. Оваа репрезентација, која исто така дебитира на европските првенства, вредни 34.600.000 евра.

Помалку од 100.000.000 евра, покрај Финска и Македонија вреди само уште националниот тим на Унгарија 69.300.000 евра.

Највредна селекција е Англија 1.400.000.000 евра, додека Франција вреди 1.000.000.000 евра. Следуваат Шпанија, Португалија и Германија.

Фото/FFM.mk

Scroll to Top