Европското првенство во Германија започнува на 14 јуни и ќе трае до 14 јули. Сајтот „Опта“, специјализиран за анализа на податоци, го објави редоследот на фаворитите за освојување на шампионатот.
Суперкомпјутерот на „Опта“ за прв фаворит ја истакна репрезентацијата на Англија. Гордиот Албион има 19,9 отсто од шансите да ја освои првата европска титула во историјата. Следуваат Франција (19,1 отсто), домаќинот Германија (12,4 отсто), Шпанија (9,6 отсто), Португалија (9,2 отсто)…
Најмали шанси за првото место има Грузија, само 0,1 отсто, пред неа се Албанија 0,2 отсто, потоа Словачка (0,3 отсто), Словенија (0,4 отсто), Романија (0,5 отсто), Чешка (0,7 отсто)…