Top Sport

Англија и Унгарија во вербална „војна“, ФИФА најави истрага

ФИФА потврди дека ќе ги истражува расистичките навреди кон англиските навивачи при 0:4 победата на гости кај Унгарија во Будимпешта, кога наводно мета на унгарските тифози беа Рахим Стерлинг и Џуд Белингам.

Ова доаѓа откако и британскиот премиер Борис Џонсон побара „строги мерки против тие кои се одговорни за да не се повтори вакво срамно однесување“. ФИФА најави „адекватни мерки“ кога ќе се утврди одговорноста.

УЕФА претходно ги казни Унгарците три домашни меча без публика поради навредувањето на противничките играчи за време на Европското првенство, но бидејќи квалификациите за Светското првенство се под јурисдикција на ФИФА, „Пушкаш арената“ беше полна

Во второто полувреме, Стерлинг беше мета на „напад“ со картонски чаши и шишиња откако го постигна првиот гол, додека кога Хери Мегваер го постигна третиот гол, на теренот беше фрлен факел.

Унгарската фудбалска федерација (МЛСЗ) најави дека ќе има сериозни казни за тие кои предизвикале прекин, но не ги спомена расистичките навреди. Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто пак, ги обвини Англичаните за хипокризија објавувајќи видео од англиските навивачи на „Вембли“ кога ја свиркаат италијанската химна пред финалето на ЕУРО 2020.

Scroll to Top