Top Sport

Англија ја победи Хрватска, Шпанија лесно се справи со Чешка

Англија и Шпанија забележаа победи во Групата 3, во А дивизијата во Лигата на нации. Овие две селекции веќе изборија пласман во четвртфиналето.

Англија ја победиа Хрватска со 2:1 во петтото коло. Ова беше петтиот последовен пораз на Хрватска во дуелите со Англија. О

Хрватска се држеше добро во текот на првите дваесет минути. Делуваше организирано во одбраната, но во 23-та минута беше ,атирана во три потези.

Хари Кејн испрати одлична длабока топка во шеснаесетникот, каде што Џуд Белингам проигра од десно пред голот на Хрватска, а Морган Роџерс се најде таму и ја испрати топката во мрежата од непосредна близина за водство на Англија од 1:0.

На почетокот на второто полувреме, Хари Кејн имаше одлична можност да го удвои водството на Англија. Тој шутираше од работ на шеснаесетникот, но Јосип Станишиќ успеа да го блокира неговиот обид во последен момент.

Само неколку минути подоцна, поточно во 54-та минута, Белингам имаше уште една одлична можност. Тој шутираше сосема непречено од околу петнаесет метри, но ударот беше лош, па Доминик Ливаковиќ немаше тешка задача да ја спаси својата мрежа.

Казната за пропуштените можности стигна пет минути подоцна. Хрватска доби корнер од десната страна, топката беше нафрлена пред голот на Англија, а Кванса направи голема грешка и практично му ја подари топката на Петар Сучиќ, кој ја затресе мрежата од само пет метри.

Сепак, Кванса не чекаше долго за шанса да се искупи. Веќе во 61-та минута, по корнер од другата страна на теренот, Смолчиќ го собори во хрватскиот шеснаесетник, а судијата, по консултација со ВАР технологијата, покажа на белата точка.

Хари Кејн ја презеде одговорноста, а со сигурната реализација на пеналот, Англија повторно поведе – 2:1. Тоа беше неговиот 92-ри гол во дресот на репрезентацијата.

Хрватите ја пропуштија својата најдобра шанса во судиското продолжение, кога Будимир со глава од добра позиција ја префрли пречката.

Во истиот термин, Шпанија ја победи Чешка во Прага со 2:0.

Чесите успешно се спротивставуваа до 39-та минута, кога Шпанија доби пенал. Амброз играше со рака во својот шеснаесетник, а Баена ја презеде одговорноста од пенал и им донесе предност на гостите од 0:1 со прецизен удар.

Само три минути подоцна, Шпанците можеа да го удвојат водството, но ударот на Фабијан Руиз заврши во стативата.

На почетокот од второто полувреме, Пино успеа да ја затресе мрежата на Чешка, но голот беше поништен поради офсајд.

Дополнителен проблем за домаќините беше исклучувањето на Крејчи во 72-та минута, по што Шпанија доби уште повеќе простор на теренот.

Предноста од фудбалер повеќе на теренот, светскиот првак ја искористи во судиското продолжение, кога уште еден играч на Атлетико Мадрид постигна гол. Во 96-та минута, Марк Пубиљ ги постави конечните 0:2 и го потврди новиот триумф на својата репрезентација.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');