Top Sport

Англија ја „скрши“ пенал клетвата и влета во четврт-финале

Првпат во историјата на едно Светско првенство, Англија доби нокаут натпревар на пенали, откако во драматична завршница загуби водство од 1:0 во регуларниот дел, за Ерик Даер да го постигне победничкиот гол во пенал серијата.

Англичаните сега ќе сонуваат за финале и титула, бидејќи во четврт-финалето ги чека Шведска, додека во полуфиналето би играле против подобриот од дуелот Хрватска-Русија, избегнувајќи ги опасните Франција, Бразил и Белгија.

Колумбијците немаа среќа откако се вратија со гол во 93. минута од мечот, и имаа подобри први 15 минути од продолжението, но денеска беше денот во кој Англија ја скрши „клетвата“ на пеналите.

Англија пред овој натпревар во ниту еден од претходните три ситуации во кои пеналите решаваа кој ќе оди понатаму, немаа победено. Англичаните загубија на пенали во 1990, 1998 и 2006 година, скор каков што нема ниту една репрезентација што барем трипати играла нокаут мечеви на Мундијалот.

Во 1990 година во полуфиналето против Германија утнаа Стјуарт Пирс и Крис Водл, во 1998 година во четврт-финалето против Аргентина утнаа Пол Инс и Дејвид Бати, и во четврт-финалето во 2006 против Португалија, утнаа Френк Лампард, Стивен Џерард и Џејми Карагер.

На ова може да се додаде и Европското првенство во 1996 година на домашен терен, кога во полуфиналето против Германија, во пенал-серијата утна сегашниот селектор на „трите лава“, Герет Саутгејт. Во 2004 година, Англија повторно испадна на пенали на Европското првенство против Португалија во четврт-финалето, кога Дејвид Бекам не беше прецизен, додека на Евро 2016, тројца Англичани утнаа во четврт-финалето против Италија.

Единствена победа во пенал-рулетот беше на Евро 1996 година, кога ја победија Шпанија пред поразот од Германија во полуфиналето.

Повеќе за регуларните 90 минути, прочитајте на линкот подолу.


ПЕНАЛ СЕРИЈА, КОЛУМБИЈА – АНГЛИЈА 3:4

Фалкао О, Кејн О, Квадрадо О, Рашфорд О, Муриел О, Хендерсон Х,  Урибе Х, Трипиер О, Бака Х, Даер О.

Мина им ја „украде“ победата на Англичаните – продолженија во Москва (видео)

Scroll to Top