Top Sport

Англија лесно со Косово, прва победа за Бугарија (Видео)

Англија и Бугарија со победи го затворија квалификацискиот циклус за пласман на ЕУРО 2020 во А-групата.

Англичаните гостуваа во Приштина и ја победија селекцијата на Косово со 4:0. Винкс постигна гол во 32 минута, а потоа во последните 12 минути Англичаните постигнаа уште три гола преку Кејн во 79 и Рашфорд во 83 и 91 минута.

Бугарите во последниот меч од групата ја запишаа првата победа. Мечот без значење го реши Божоиков во 56 минута.

Англија и Чешка ќе играат на Европското првенство, а Бугарија шансата ќе ја бара низ баражот во Лигата на нации.

Scroll to Top