Англија ја освои титулата од Светското првенство за фудбалери под 17 години, откако со неверојатен кам-бек стигнаа до импресивна 5:2 победа над Шпанија во финалето во Индија.
Серхио Гомез постигна два гола за водство на Шпанија од 2:0, по што титулата за тимот на Стив Купер изгледаше само сон. Меѓутоа, Ријан Брустер постигна гол пред истекот на полувремето за да им даде надеж на Англичаните, пред фуриозниот напад на Англичаните да „збесне“ во второто полувреме.
Морган Гибс Вајт го израмни резултатот на 2:2, пред Марк Гуехи да донесе водсто, а Фил Фоден со два гола да ја донесе втората светска титула за Англија едноподруго, откако тие триумфираа во СП за играчи под 20 години, за година за сеќавање по СП во 1966 година. Ова исто така е слатка одмазда за младите Англичани, откако тие загубија на пенали од Шпанија во финалето на ЕП У-17.
Бронзата отиде кај Бразилците, кои во борбата за третото место со 2:0 го совладаа тимот на Мали.