Top Sport

Федерер и Делпо пред швајцарска пресметка

Хуан Мартин дел Потро и Роџер Федерер ќе го обноват ривалството во финалето на Свис индорс во Базел по лесните полуфинални победи.

Дел Потро го победи Марин Чилиќ седми пат едноподруго за да влезе во трето финале во Базел со 6:4/6:4 победа. По победите во 2012 и 2013 година, кога двапати го победи домашниот фаворит Федерер во финалето, Делпо ќе се обиде да направи хет-трик во недела.

„Малкумина можат да го победат Роџер, најдобриот во историјата. Секогаш е задоволство да се игра со него, посебно во неговиот роден град. Знам дека публиката ќе биде на негова страна и се надевам на добар тенис“, вели Дел Потро.

Федерер пак, исто така немаше проблеми во полуфиналето, победувајќи го Белгиецот Давид Гофан со 6:1/6:2 за 11. финале во својот роден град.

Scroll to Top