Иако англиските власти во последните дваесетина години направија многу за сузбивање на фудбалското хулиганоство, очигледно уште не можат да воспостават целосен мир помеѓу навивачите.
Ова беше очигледно на дуелот на двата лути ривали од јужниот брег на Англија, Портсмаут и Саутемптон во Лига купот во вторникот, кога еден навивач беше уапсен поради удирање на полициски коњ.
Навивачите на двата тима неколку пати се судрија во улиците околу стадионот на Портсмаут, „Фретон парк“, но видеото со коњот беше најинтересното. Саутемптон победи со 4:0 во првиот дуел на двата тима во последните седум години.
Southampton fans on the way to Portsmouth tonight. pic.twitter.com/I3ZnL0Qt2y
— Away Days Videos (@AwayDaysVideos) September 24, 2019