Зинедин Зидан нема да го преземе Манчестер јунајтед, тој дури немал намера да работи во Премиер лигата. Ова го изјавил неговиот менаџер Алан Миљачио, откако англиските медиуми наголемо пишуваат дека тој забрзано го учи англискиот јазик.
Лошите резултати и пред се лошата атмосфера која владее во Манчестер јунајтед ги поттикнаа новинарските шпекулации дека поранешниот тренер на Реал ќе го наследи Жозе Мурињо на „Олд Трафорд“.
„Мислам дека нема да оди во Англија. Тој не преферира таков стил на игра. Разговаравме на оваа тема и знам дека не е заинтересиран. Реши да одмори оваа сезона и нема да се премисли“, рекол менаџерот, а потоа ги открил дека во идните планови на Зидан е да се врати во клубот во кој ги одиграл најдобрите натпревари во кариерата, во Јувентус.
„Тое е можно, бидејќи тука не се работи за логично размислување, туку за она што го вели срцето. Тој таму остави значајна трага. „Старата дама“ би можела да го заведе. Тие за во иднина имаат фантастичен проект“, рекол Миљачио.
Alain Migliaccio (Zidane’s agent): “Manchester United? I don’t think he’ll go to England to train. It’s less his style. I discussed it with him, it does not really attract him.” #mufc [Le10] pic.twitter.com/3Pp7vCsQ65
— Man Utd (#FollowBack) (@ManUtdXtra) October 8, 2018