Top Sport

Нурмагомедов и Мекгрегор некогаш биле пријатели

Спортскиот свет се уште е насочен кон она што вчера се случуваше во Лас Вегас, на борбата помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор. Нурмагомедов направи вистонски хаос, откако најпрвин го претепа соперникот и ја одбрани титулата, тој започна тепачка со тимот на Мекгрегор.

Дагестанецот реши да се пресмета со луѓето од тимот на Мекгрегор, а мета му бил еден од тренерите, кој изминатите месеци упатил многу навреди, најмногу на верска основа, на негова адреса.

По целиот тој хаос бизарно делува податокот дека Нурмагомедов и Мекгрегор до 2014 година биле пријатели. Дури неколку пати и тренирале заедно.

Дека тоа е така сведочат и пораките на „Твитер“ од тој период. Денес тие статуси делуваат чудно и бизарно.

Нурмагомедов го „задави“ Мекгрегор, па предизвика нереди во Лас Вегас! (видео)

Scroll to Top