Top Sport

Англиските дербија неизвесни – поради снег!

Англиските медиуми стравуваат дека девете големи дербија овој викенд можат да бидат откажани, откако прогнозите велат дека ќе падне над 20 сантиметри снег викендов.

„Мет офис“ предупреди дека снег ќе падне во часовите пред дуелот Манчестер јунајтед и Манчестер сити на „Олд Трафорд“ во недела, комбинирано со температури под нулата.

Времето ќе биде лошо и во Ливерпул, што значи дека под закана е и „Мерсисајд“ дербито меѓу Ливерпул и Евертон, но за овој меч заканата е помала бидејќи стартното време на дербито на Манчестер од 17.30 значи дека ќе има повреќе време снегот да се „фати“.

Теренот на „Олд Трафорд“ има греење на тревнатиот терен, така што влијанието на снегот би било минимално за играчите на теренот, но  за фановите на трибините ќе има голема опасност поради замрзнувањето.

Од Јунајтед потврдија дека ќе побараат совети од локалните власти пред да одлучат дали мечот ќе мора да биде одложен.

Scroll to Top