Top Sport

Англиските клубови парично казнети за проектот Суперлига

Англиските клубови кои беа вклучени во пропаднатиот проект, европска Суперлига, постигнаа договор со Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) околу казната која треба да ја платат.

Вкупната казна изнесува 22 милиони фунти, што значи дека Арсенал, Тотенхем, Челси, Ливерпул, Манчестер јунајтед и Манчестер сити ќе треба во касата на ФА да уплатата нешто помалку од четири милиони фунти.

Исто така ФА и клубовите потпишаа договор, кој во случај шестте клубови повторно да се обидат да се одметнат, предвидува жестоки казни.

Овој договор предвидува парична казна од 25 милиони фунти и одземање на 30 бодови на почетокот на сезоната.

Инаку, клубовите од Премиер лигата, кога шестте клуба се повлекоа од проектот, европска Суперлига, побараа наредната сезона тие да ја започнат со минус поени, меѓутоа ФА го одби нивниот предлог.

Scroll to Top