Top Sport

Англиските клубови се повлекоа од Суперлигата

Англиските клубови Челси, Тотенхем, Арсенал, Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Ливерпул се повлекоа од Суперлигата. Формало први од учеството во Суперлигата се откажаа Манчестер сити, а потоа Челси. Доцна синоќа по нивните стапки тргнаа и останатите четири клуба.

Вечерта, во неделата, 12 клубови, шест од Англија и Реал, Барселона, Атлетико, Јувентус, Интер и Милан, објавија дека формирале Суперлига. Нивниот план наиде на остри реакции во фудбалскиот свет.

Манчестер сити први објавија дека „формално реагирале и започнале со процедурата за повлекување“.

Ливерпул објави дека нивното учество во новото натпреварување е „стопирано“.

Од Манчестер јунајтед се огласија со соопштение во кое се вели дека „внимателно ги слушале реакциите на навивачте, Владата и останатите луѓе вклучени во клубот и дека донесе одлука да не учествуваат“.

Арсенал се извиниле со зборовите дека „направиле голема грешка“ и дека клубот се повлекува откако виделе како реагирале навивачите и фудбалската заедница.

Претседателот на Тотенхем, Даниел Левиистакнал дека „клубт жали што предизвикал лутина и незадоволство“.

Сега останува да се види дали ФА ќе ги казни овие клубови и што ќе биде со останаите шест клубови, кои ја основаа Суперлигата.

 

Scroll to Top