Top Sport

Англиските медиуми тврдат дека Влаховиќ ќе заврши во Астон Вила

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, како што стојат работите, кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата, но не и во Арсенал, Челзи или Манчестер јунајтед.

Пол-позицијата за евентуалниот траснферот на Влаховиќ ја има Астон Вила, која во него гледа идеална замена за Џон Дуран, фудбалер кој во текот на зимата се пресели во Ал Наср.

Според британските медиуми, Србинот е голема желба на тренерот Унаи Емери, кој во него гледа клучен играч во офанзивната линија на тимот од Бирмингем.

Од Јувентус се свесни дека летниот преоден рок може да им биде последна шанса да заработат сериозни пари од трансферот на Влаховиќ, со оглед на тоа дека договорот му истекува во 2026 година.

Се претпоставува дека трансферот би можел да изнесува околу 30 милиони евра, што е релативно добра цена за напаѓач од негов калибар.

Сепак, Астон Вила би морала да одвои значителни средства за неговата плата, што би можело да биде клучен фактор во преговорите.

Влаховиќ пристигна во Јувентус пред три години од Фиорентина за 83,5 милиони евра и оттогаш одигра 134 натпревари во црно-белиот дрес, постигна 55 гола и забележа 11 асистенции.

Scroll to Top