Top Sport

Анхел Кореа мора на операција на срцето, прати емотивно писмо до соиграчите и фановите

Фудбалерот на Атлетико Мадрид и на аргентинската репрезентација, Анхел Кореа ја напушти репрезентацијата која се подготвува во Шпанија за да оди на операција на срцето, за отстранување на стара лузна од операција од 2014 година.

Тој со емотивен пост на Инстаграм ја објасни својата здравствена ситуација и вети дека ќе се врати на фудбалските терени.

„Ви благодарам на сите од срцето. Ова писмо морам да го напишам за да ја објаснам мојата здравствена состојба и да се заблагодарам на вашата грижа. Од сите вас добивам сила и без таа енергија не би можел да играм фудбал. Сакам да ви кажам дека во понеделник ќе одам на операција за лузната која ја имам од стара интервенција во САД во 2014. Тогаш поминав во тешка ситуација и имав микрооперација на срцето. Имав само 18 години и одев со верба во љубовта на животот, бидејќи тоа значи дека никогаш не треба да се предадеш. Сестрата која се грижеше за мене во таа болница, без да ме познава, ми шепна дека морам да бидам горд на моите лузни, кои ќе бидат патоказ во мојот живот. За да не се загубам во животот, секоја лузна, таа на кожата, таа на срцето останува со тебе. Со помош на Господ ќе играм повторно и ќе го дадам мојот максимум. Животот не учи дека во секој момент ништо не е гарантирано, дека секоја минута вреди да се живее, да се дише, да се смееш на тешките моменти и да плачеш во среќните моменти. Пред се, бидете благодарни на тие кои ве сакаат“, вели во обраќањето Кореа.

Scroll to Top