Тренерот на Лајпциг Јулијан Нагелсман ја исклучил можноста клубот да ги откупи договорите на Анхелињо и Патрик Шик, од Манчестер сити односно Рома.
Финансиската криза што ја ја предизвика пандемијата со коронавирусот го погоди и Лајпциг, клубот нема пари да ги откупи договорите на фудбалерите кои оставија одличен впечаток.
Дека Лајпциг нема пари говори и податокот дека компанијата Ред Бул на клубот му простила долг од 100 милиони евра, така што сега минусот на Лајпциг изнесува 86 милиони евра.
„Мислам дека ќе успееме повторно да се пласираме во Лигата на шампионите. Дури и да случи тоа верувам дека нема да ги откупиме Анхелињо и Шик. Не можеме да трошиме, дури и да се пласираме во ЛШ“, рекол нагелсман.
Тоа значи дека Марселињо ќе се врати во Манчестер сити, а Шик во Рома.