ПСЖ и оваа сеона нема да ја освои Лигата на шампионите. Во сезоната влегоа со големи амбиции, но сонот за најпосакуваниот трофеј во клупскиот фудбал им заврши синоќа во Минхен. Баерн славеше со 2:0 и со вкупен резултат 3:0 избори пласман во четвртфиналето.
Француската јавност не ги штеди критиките кон скапо платените ѕвезди. Покрај Нејмар, кој не играше поради повреда, најмногу критики одат кон Лионел Меси и Марко Варати.
По елиминацијата од Баерн се појави анимирана пародија на маките низ кои поминува ПСЖ во Лигата на шампионите.
Иако авторот на делото можеше да замине далеку во минатото, филмот со различни натпреварувања во кои ПСЖ губи започнува во 2018 година и елиминацијата од Реал Мадрид.
Една година подоцна, во истата фаза од натпреварувањето, сонот на парискиот тим беше згаснат од Манчестер Јунајтед, а во 2020 година, исто како и оваа година тимот беше елиминиран од Баерн. Во нокаут фазата ПСЖ губел од Манчестер Сити и уште еднаш од Реал.