Јувентус, во јануари, ќе се обиде да го реализира трансферот ан Душан Влаховиќ од Фиорентина. Во Торино имале две опции да го реалзиираат трансферот.
Јувентус ќе се обидат да го донесат Влаховиќ на двегодишна позајмица, со обврска потоа да го откупат неговиот договор за 60 милиони евра, доколку овој предлог биде одбиен, тогаш ќе понудат еден фудбалер и одредена сума на пари.
Претседателот Ањели, му наложил на спортскиот директор Федерико Черубини да започне со реализацијата на овој план.
Ањели и тренерот Масимилијано Алегри ќе го градат тимот околу Паоло Дибала, Федерико Кијеза и Влаховиќ.
Фиорентина, летово, одби понуда од 70 милиони евра од Атлетико Мадрид за Влаховиќ, а слична сума понудиле и од Тотенхем.
Ањели се надева дека долгот на Фиорентина ќе го натера неговиот колега Роко Комисо да го продаде својот најдобар стрелец. Според италијанските медиуми Фиорентина има долг од 210 милиони евра.
Актуелниот договор на Влаховиќ со Фиорентина истекува во 2023 година.