Top Sport

Ањели: Фудбалот мора да се промени, постојано се расправам со Чеферин

Претседателот на Јувентус и на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА), здружението на најмоќните и најбогатите светски клубови смета дека мора да има промени во светот на фудбалот и додава дека постојано се расправал со претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

На состанокот на ЕЦА, откако прво зборуваше за економското влијание на пандемијата на КОВИД-19 на фудбалот, тој се фокусираше на финансискиот интерес кој го појавија големи финансиски институции за фудбалот.

„Во мојата земја има предлог на компанијата ‘ЦВЦ’ за ТВ-правата, во некои земји има други проекти, а глобално тука е интересот на ‘Џеј Пи Морган’ за Европската Суперлига. Кога има интерес од такви играчи и големи финансиски институции, тоа значи дека има потенцијал за светла иднина во нашата индустрија. Овие личности, за разлика од нашите акционери, не се заинтересирани за солидарност, туку за враќање на инвестицијата. Тоа значи дека со инвестирање во фудбалот може да добиеме поврат на инвестираното. Фудбалот, финансиите и водењето на клубовите се на раскрсница и мораме да ги прифатиме предизвиците“, вели Ањели.

Тој потоа ја кажа визијата за промена.

„Мораме да ги поставиме фановите во центарот. Сегашниот систем не дава многу за модерните фанови и има погрешна перцепција за тоа кои се фудбалските фанови. Ако се гледаат истражувањата, третина од фанови следат најмалку два клуба, ситуација што не беше таква пред неколку години. Исто така, 10 отсто од фановите следат фудбалери, а не клубови, две третини следат фудбал од страв да пропуштат нешто, 40 отсто од тие на 16 до 24 години, славната генерација Ц, нема никаков интерес за фудбалот. Има премногу мечеви кои не се конкуренти, дома и во куповите.  Ризикуваме да ги загубиме фановите и затоа сум благодарен на разговорите со УЕФА. Иако не е тука, му се заблагодарувам на претседателот Чеферин за расправиите кои ги имавме од октомври до декември. Тоа беа продуктивни расправии и карања“, додава Ањели.

Scroll to Top