Top Sport

Ањели контра Дибала: Тој уште не е меѓу најдобрите 5 во Европа

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели го критикуваше Пауло Дибала за изјавата дека не му бил понуден нов договор со клубот од Торино, потсетувајќи го Аргентинецот дека „уште не е меѓу најдобрите 5 играчи во Европа“.

Аргентинецот го постигна својот прв гол во Серија А оваа сезона против Џенова вчера и по мечот тврдеше дека не добил нова понуда од Јувентус.

„Мојот агент беше во Торино долго време, но никој не му се јави. Ме разочарува кога ќе слушнам за инвестирани финансиски бројки. Би било подобро да се каже вистината, бидејќи тие бројки ги поставуваат навивачите против мене и покрај мојата љубов кон Јувентус“, изјави Дибала.

Ањели, како ретко досега, реши да одговори.

„Ги слушнав изјавите, тоа е дел од мојата работа. Добрите вести се дека тој постигна гол. Пауло имаше мака со КОВИД, и беше убаво да се слушне неговата љубов кон Јувентус, која е возвратена. За нас, тој е капитен за иднината. Знам дека веќе има понуда која би го ставила меѓу 20-те најплатени фудбалери во Европа. Го чекаме неговиот одговор, но поважен е одговорот на теренот. Сакаме да биде меѓу најдобрите пет играчи во Европа, но уште не е меѓу нив и тој е свесен за тоа“, изјави Ањели.

Договорот на Аргентинецот со Јувентус завршува во јуни 2022.

Scroll to Top