Челниците на фудбалскиот клуб од Турција, Анкарагучу, последниот ден од преодниот рок работеа со полна пареа. Верувале или не тие потпишале договори со 15 нови фудбалери.
Во јуни минатата година клубот доби забрана за трансфери, поради низата на финансиски проблеми. Забраната пред неколку дена им била укината, а челниците на Анкарагучу направија „бу“ на трансфер-пазарот.
Жерсон Родригез, Желним Ривас, Саба Лобјанидзе, Конрад Михлак, Даниел Лукашик, Рикардо Фридрих, Милош Станојевиќ, Оркан Чинар, Атила Туран, Фатих Тултак, Суат Каја, Ахмет Сун, Енес, Кубат, Мухамед Јашир Карабеј и Ндука Озокво с нови играчи на Анкарагучу.
Инаку Анкарагучу се наоѓаат на претпоследното место во турската лига и до крајот на сезоната ќе се обидат да изборат опстанок.
Takımımıza, 15 yeni takviye |
?https://t.co/lmgIy8vSGI#Ankaragücü pic.twitter.com/FFqxHPBR0T
— MKE Ankaragücü (@Ankaragucu) January 31, 2020