Top Sport

Анонимен Хрват го продава бронзениот медал од Франција 1998!

Онлајн страницата за аукции, „Сејлрум“ неодамна во понуда даде едно значајно одличје – бронзен медал освоен на Светското првенство во Франција во 1998 година, што значи дека еден од тогашните репрезентативци решил да се откаже од скапоцениот медал, најверојатно бидејќи му се потребни парите. Аукцијата можете да ја следите на линкот.

„Светско првенство во Франција, официјален медал за трето место кое го освои Хрватска. Бронзен медал со оригиналната лента. Производител: Бертони. Само триесет вакви медали постојат“, стои во објаснувањето.

Автентичноста ја гарантираат продавачите, а цената е солидни 7.500 евра. Аукцијата ќе се одржи на 7 и 8 декември.

Не е јасно кој член на славната генерација на Мирослав Ќиро Блажевиќ се решил на овој потег, дали се работи за фудбалер или за член на стручниот тим.

Scroll to Top