Top Sport

Анри ја одбил понудата на Бордо

Легендата на Арсенал, Тиери Анри, ја одбил понудата да стане тренер на францускиот прволигаш, Бордо.

Минатата недела се појавија информациите дека Анри ќе го наследи Густаво Појет на клупата на Бордо. Појет е суспендиран од клубот, бидејќи јавно ја критикуваше трансфер политиката, особено продажбата на Гаетан Лаборде во Монпелје.

„Да тој ја сака таа работа. Интелигентен е и поседува квалитет. Клучното прашање што стално си го поставуваме е дали сме подготвени да го жртвуваме животото за тренерската работа“, рекол пред неколку дена, поранешниот тренер на Анри, Арсен Венгер.

Сепак, сега се појавија информациите дека Анри ја одбил понудата, а главен проблем биле финансиските услови што тој ги поставил. Француските медиуми шпекулираат дека тој побарал поголема плата од онаа што му ја понудил Бордо и не добил гаранции за трансферите што сакал да ги реализира.

Анри (41) работи како асистент на белгискиот селектор Роберто Мартинез, што е негов прв тренерски ангажман.

Scroll to Top