Top Sport

Лопетеги објаснил зошто не играат Модриќ и Куртоа

Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, по победата во Џирона (1:4), открил зошто во стартната постава ги нема Лука Модриќ, Рафаел Варан и Тибо Куртоа.

Во Џирона, Куртоа беше на клупата, Варан одигра 30 минути, а Модриќ на теренот се појави во 77.минута.

„Модриќ и Варан играа во финалето на Светското првенство, поради што подоцна му се приклучија на тимот. Нема потреба да брзаме со нивното враќање. Имаме одлични алтернативи, остатокот од тимот е исклучително компактен, а тоа е најважно во овој момент. Лука и Варан ќе се вратат кога ќе бидат во оптимална состојба“, рекол Лоптеги, а потоа проговорил и за голманот Куртоа, за чии трансфер Реал издвои 35 милиони фунти.

„Можеби на лаиците не им е јасно, но и за ова имам едноставно објаснување. За голманската позиција имам две фантастични решенија и воочи секој натпревар ќе решаваме кој ќе брани. Кејлор Навас против Џирона беше одличен што значи дека донесовме добра одлука. Добро е што конкуренцијата е силна. Имам некои замисли, но ќе ми дозволите да ги задржам за себе“, нагласил тренерот на Реал.

Scroll to Top