Top Sport

Анри: Меси е изолиран во ПСЖ, тое е клуб на Мбапе

Легендата на Арсенал, Тјери Анри повторно зборуваше за ситуацијата во која се наоѓа неговиот поранешен соиграч од Барселона, Лионел Меси во Пари Сен-Жермен, велејќи дека тој се наоѓа „изолиран“ во клубот, кој засега е клуб на Килијан Мбапе.

Како ТВ-коментатор по вчерашното дерби помеѓу Олимпик Марсеј и ПСЖ, кое заврши 0:0, Анри сметаше дека Маурисио Почетино треба да го постави Аргентинецот во средината на теренот за да може да функционира врската со Мбапе и Нејмар.

„Тој е изолиран, многу помалку е со топката. Не би кажал дека е тажен во ПСЖ, но се гледа дека е изолиран. Подобро игран а средината и проблем ми е тоа што тој игра на десната страна. Во средината тој би го диктирал темпото за да може да игра со Мбапе и Нејмар. Лео не зборува многу, остава топката да зборува. Засега, ПСЖ е тим на Килијан, кој е создаден за Килијан да блесне и затоа топката оди кон него. Во еден момент во еден тим може да има еден композитор, бидејќи во спротивност ќе се игра со различно темпо“, вели Анри.

Scroll to Top