Top Sport

Анри: Меси не се идентификуваше со Пари Сен-Жермен

Лионел Меси и покрај разочарувачките две сезони во Пари Сен-Жермен, остави печат во историјата на клубот, иако Аргентинецот не се „идентификуваше“ со клубот, тврди француската фудбалска легенда, Тјери Анри.

Меси си заминува со две титули од Лига 1, но последната сезона беше одбележани со контроверзи, откако навивачите се свртеа против него и неговиот пријател Нејмар по неуспехот во Лигата на шампиони, а ненајавеното патување во Саудиска Арабија за што беше казнет од клубот само ја влоши ситуацијата. Ова придонесе тој да биде исвиркан во последниот меч од сезоната.

„Меси остави печат во историјата на Пари Сен-Жермен бидејќи двапати беше шампион. Знам дека некои ќе кажат дека тоа било лесно. Статистиката го кажува своето. Дали остави печат на срцата на навивачите? Тоа е друга дебата. Мора да се каже дека ова е терен на Килијан и не е лесно да те сакат навивачите. На крајот, во Париз сите велат дека тој не успеал да се идентификува со клубот“, оценув Анри.

Scroll to Top