Top Sport

Анри му порача на Мбапе: Ако сакаш конкуренција, напушти го ПСЖ

Легендарниот француски фудбалер, Тиери Анри, му порача на Килијан Мбапе да го напушти Пари Сен Жермен. ПСЖ, синоќа доживеа елиминација од Лигата на шампионите, што значи дека и оваа сезона нема да се борат за трофејот.

Кога пред една година, го потпиша новиот договор, Мбапе изјави дека негивот дон е да ја освои ЛШ со ПСЖ.

„Иако успеаја да го задржат минатото лето, мислам дека сега ќе им биде многу тешко да го направат тоа повторно“, изјави Анри за „CBS Sports“.

Малку подоцна Џејми Карагер го праша Анри дали ќе го советува својот сонародник да го напушти ПСЖ?

„Го напуштив Арсенал на време, бидејќи сакав да се натпреварувам повеќе од било што на светот. Потоа отидов во Барселона, каде беа Меси, Роналдињо и Ето. Ми рекоа дека нема да бидам стартер, но јас реков, „ќе видиме.“ Па, момче, ако сакаш да се натпреваруваш, мора да одиш некаде, каде што ќе го направиш тоа“.

Анри го напушти Арсенал во 2007 година. Со Каталонците, освои седум трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.

 

Scroll to Top