Top Sport

Анри: Не знам каде би бил Арсенал сега доколку го нема Обамејанг!

Легендарниот напаѓач на лондонски Арсенал, Французинот Тиери Анри вели дека е несериозно во овој момент да се прогнозира колку новиот (привремен), тренер на „топчиите“, шведскиот екс-фудбалер, Фреди Љунберг би можел да направи за клубот да го врати на вистинските патеки.

Швеѓанецот и Французинот беа соиграчи, а за него вели дека по само неколку тренинзи со играчите и само еден меч на кој одвај извлече бод со Норич тешко е да се даде оценка. Арсенал има низа од 6 меча без триумф во Премиерлигата.

„Мислам дека во овој момент е тешко да се очекува многу да се промени. Одработи еден, два тренинзи со екипата. Невозможно е да се очекува или да се прогнозира било што во моментов“ смета Анри.

Двата гола за Арсенал минатиот викенд ги постигна Пјер-Емерик Обамејанг кој продолжи со одличните партии. Сезонава моментно е трет стрелец, со 10 гола.

„Јас не знам каде би бил Арсенал сега ако го нема Обамејанг“ – рече Анри.

Вечерва во 21.15 часот, „топчиите“ на својот стадион го пречекуваат Брајтон. Пред мечот Арсенал е 10-ти во Премиерлигата, со 19 бода.

Scroll to Top