Легендата на Арсенал, тиери Анри, демантира дека му рекол на Алексис Санчез да се пресели во Манчестер јунајтед.
Чилеанецот, во понеделникот, потпиша договор со клубот од „Олд Трафорд“, а о прошталната порака за навивачите на Арсенал, исканал дека по примерот на Анти и то се решил да го смени клубот.
„Се сеќавам на разговорот кој го имав со Анри и тој го напушти Арсенал. И тој реши да го смени клубот од исти причини“, напишал Санчез на својот профил на „Инстаграм“.
Причината се титулите, Анри со Барселона ја освои Лигата на шампионите, меѓутоа тој открива дека никогаш не му дал никаков совет на Санчез.
„Никогаш не сум му рекол на Алексис да го напушти Арсенал. Не помислував дека ќе замине во Манчестер јунајтед. Веста дека заминал таму ја проитав во весниците“, рекол Анри.