Top Sport

Анри: Симеоне е пример за секој млад тренер

Атлетико Мадрид, во петтото коло, во А-групата, забележа победа над Монако 2:0 и се обезбеди осмина-финале во Лигата на шампионите. По натпреварот на „Ванда Метрополитано“, тренерот на Монако, Тиери Анри, имал само пофални зборови за колегата од спротивната страна Диего Симеоне.

Легендата на Арсенал и францускиот фудбал, Анри, од пред еден месец, ја започна тренерската кариера, претходно тој работеше како асистент во стручниот штаб на фудбалската репрезентација на Белгија.

„Имам многу да учам, а Симеоне е пример за сите тренери. Го видов како викаше и кога водеа со 2:0. Им викаше како да се бранат и го видовме Гризман како се враќа назад, како ги спира нашите контри и лево и десно. Он ашто Симеоне може да го извлече од своите играчи е неверојатно“, рекол Анри.

Монако имаше можност да внесе неизвесност во натпреварот, но поранешниот играч на Атлетико, Радамел Фалкао, промаши пенал.

„Имам многу млади играчи, а тоа не е лесно кога играш вакви натпревари. Бевме плашливи в првиот дел, во вториот бевме солидни. Не може да знаеме што ќе се случеше доколку постигневме гол од тој пенал. Но со оглед на тоа како игравме, се обидувам да бидам позитивен“, дополнил Анри.

Монако во последното коло во А-групата ќе игра против Борусија Дортмунд.

Scroll to Top