Top Sport

Нејмар: Бев повреден, ама морав да играм

Нејмар, најскапиот светски фудбалер, имаше значајна улога, во синоќешната победа на ПСЖ над Ливерпул (2:1), во Лигата на шампионите.

Бразилецот се појави на теренот и покрај најавите дека е повреден, а повторно со некои свои реакции успеа да го навлече гневот на јавноста.

„Не бев 100-отсто подготвен. Ова беше важен натпревар. Повреден или не не смеев да го пропуштам. Водевме вистинска битка. Среќен сум што победивме, покажавме тимски дух, што според мене беше клучно. На сите им покажавме дека сакаме да стигнеме далеку во Лигата на шампионите“, рекол Нејмар.

ПСЖ, во последното коло во Ц-групата, на 11.декември ќе гостува кај Црвена ѕвезда. На табелата во оваа група води Наполи со девет бода, ПСЖ има осум, Ливерпул шест, а Црвена ѕвезда четири бода.

Scroll to Top