Top Sport

Анри со совет за Сака: Големите играчи не се фини

Легендата на Арсенал,Тјери Анри има совет за младиот талент на „топчиите“, Букајо Сака, порачувајќи му дека сите големи играчи имаат „безмилосна“ страна и предизвикувајќи го да стане „главниот човек“ во тимот пред денешното дерби со Манчестер сити.

Арсенал имаат 3 поени предност пред Манчестер сити пред мечот на „Емирати“ во 90 минути кои можат да бидат одлучувачки за титулата, која Арсенал ја нема освоено од 2004 година. Анри беше дел од тој тим пред 19 години и смета дека најдобрите играчи на тимот мораат да се „кренат“ за да ја освоја титулата.

„Има многу фудбалери кои ги следам, но прво морам да го споменам Букајо Сака. Зошто? Бидејќи се врати од тој промашен пенал на Европското првенство мнгу силно. Сакам мојот тим да победи и тој да има добар меч, но да продолжи силно до крајот на сезоната и да биде играч кој ги одлучува мечевите. Но, големите играчи не се фини. Ако сакате да сте голем, да бидете главниот човек, треба да сте безмилосни“, вели Анри.

Scroll to Top