Top Sport

Хамилтон: Ништо нема да ме спречи да го кажувам тоа што го мислам

Седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон ќе продолжи да го кажува своето мислење за важни социјални теми без разлика на новите правила на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) околу политичките говори на возачите.

Во декември, ФИА додаде член во интернационалниот спортски код со кој ќе се бара претходна писмена дозвола за возачите да направат „политички, религиозни и лични коментари и ставови“. Шефот на Формул 1, Стефано Доменикали се спротистави на ова, но ФИА на крајот има можност да додели финансиски и спортски казни ако правилата не се почитуваат.

Возачот на Мерцедес, Хамилтон беше еден од најполитички активните возачи во Ф1, околу расизмот и полициското насилство во САД, ЛГБТ правата и екологијата.

„Одлуката на ФИА не ме изненадува. Но, ништо нема да ме спречи да зборувам за работи за кои сум страствен и за одредени проблеми. Спортот има одговорност да го крене гласот, да ја зголеми свесноста на одредени теми, посебно бидејќи патуваме на различни места во светот. За мене ништо не се менува“, изјави Хамилтон на промоцијата на новиот болид на Мерцедес.

Scroll to Top