Top Sport

Анри тренерскиот занает „ќе го пече“ во МЛС-лигата во САД

Екс-францускиот фудбалер, Тиери Анри по завршувањето на кариерата реши да се проба во тренерските води. Работеше во стручниот штаб на Роберт Мартинез во селекцијата на Белгија, а на крајот на минатата година изненадувачки доби повик да застане на кормилото на Монако.

„Кнезовите“ по серијата лоши резултати го отпуштија тренерот Жардим, а Анри дојде како спасител на клубот кој тонеше кон втората лига. Му дадоа доабра плата, и тој прифати првпат во кариерата да биде на клупата на еден фудбалски клуб.
Сепак, не успеа да ја спречи кризата, туку се чини дополнително ја продлабочи, па експресно заработи отказ.

Анри претрпе бројни критики, и прашање беше кога повторно еден клуб ќе му ја даде довербата да го предводи од клупата.

Сепак, Њујорк Ред Булс од МЛС-американската фудбалска лига е заинтересеиран да го „вработи“ прославениот француски голгетер.

Анри кариерата ја заврши токму во тој клуб, а сега би можел да стане и негов тренер. Претходно, предводник на клубот од „големото јаболко“ беше екс-клупскиот и репрезентативен колега на Анри, Патрик Виера.

Scroll to Top