Top Sport

Клоп го носи германскиот голгетер Вернер во Ливерпул за 50 милиони!?

Напоредно со трката за титулата во Премиерлигата оваа сезона, Ливерпул веќе размислува за засилување за наредната натпреварувачка сезона.

Медиумите на Островот пишуваат дека „црвените“ речиси сигурно ќе го засилат нападот со германскиот голгетер од Лајпциг, репререзентативецот Тимо Вернер.

Според наводите, Вернер веќе ги договорил личните услови, а германскиот клуб на име отштета ќе добие околу 50 милиони евра.

Стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп веќе одредил и кои играчи му се прекубројни на „Енфилд“. На лето од клубот си одат Симон Мињоле, Жоел Матип, Алберто Морено, Адам Лалана, Натаниел Клајн, Дивок Ориги и Даниел Стариџ.

Scroll to Top