Top Sport

Анри воодушевен од Лева: Ти, конечно, ги сопре ѕверовите Меси и Роналдо

Роберт Левандовски му призна на Тјери Анри дека се чувствува „посебно“ што ја доби ФИФА Бест наградата за најдобар фудбалер во 2020 победувајќи ги Кристијано Роналдо и Лионел Меси, додека француската фудбалска легенда му честиташе на Полјакот дека успеал во тоа што тој бил неуспешен: „Ги сопре ѕверовите“.

Левандовски по историската тројна титула со Баерн Минхен, речиси едногласно ја доби наградата на ФИФА и Анри беше многу импресиониран.

„Прво и најважно, честитки, мислам дека целосно ја заслужи. Беше неверојатен, неверојатен си подолго време и успеа да завршиш пред двата ѕвера што е нешто посебно. Јас не успеав во тоа, така што имаш нешто што никогаш не сум го освоил. Тоа е за почит“, вели Анри.

Левандовски беше поскромен.

„Ова беше многу тешка сезона, многу тешка година за нас, со вирусот и случувањата, така што беше посебно да се освои Лигата на шампионите. Никој не можеше да се спореди со нас, бевме на ‘оган’. Бевме тим кој сакаше да е најдобар и да остане таму. Во ера на Кристијано Роналдо и Лионел Меси да се освои ваков трофеј е нешто посебно“, вели Левандовски.

Scroll to Top