Top Sport

Анри: Зидан ќе ги одбие и Јуве, ја чека француската репрезентација

Тјери Анри вели дека негвиот поранешен соиграч од француската репрезентација, Зинедин Зидан ги одбива сите понуди да се врати на тренерската работа бидејќи го „чека“ местото во репрезентацијата, каде што во моментов е уште еден нивни поранешен соиграч, Дидие Дешам.

Зидан, кој со Франција го освои Мундијалот во 1998 и ги донесе до уште едно финале во 2006, е на „одмор“ откако вторпат си замина од Реал Мадрид во мај 2021 година. Со „кралевите“, тој освои три титули од Лигата на шампионите и две од Ла лига. Тој беше поврзуван со испразнетите места во Манчестер јунајтед и Пари Сен-Жермен, а сега е во комбинација за неговиот поранешен клуб, Јувентус, по елиминацијата од Лигата на шампиони. Сепак, Анри вели дека Зидан нема да биде замената за Макс Алегри.

„Нема да шпекулирам, но мислам дека ја чека репрезентацијата. Не верувам дека ќе биде предизвикан од Јувентус, бидејќи ја чека единствената работа која го привлекув. Кога си освоил три титули од Лигата на шампионите со Реал Мадрид, зошто би се грижел за други клубови ако имаш шанса за репрезентацијата. Не знам што ќе се случи, но јасно е дека Зизу чека. Беше поврзуван со повеќе клубови, но сите ги одби.

Scroll to Top